Musik/mz
Во музиката на Solche, најважна е радоста на свирењето. На концертите изгледа како групата навистина да ужива во тоа што го прави. Можеби затоа што навистина е така.
Динамичните перкусии и енергичното свирење на гитара го создаваат ритамот, а гласот над него поттикнува, тагува, вика и раскажува. Иако инструментите се малку, групата навистина свири рок, оставајќи простор и за потивки, баладични мигови.
Музичките особености на одделните композиции ќе ги најдете на соодветните страници на песните.